Skip to main content
Хроника

Приведен дилер во Тетово за издржување затворска казна

17/05/2025  11:02

На 16.05.25 во 17.40 часот на раскрсница од улица „Илинденска” со улица „Благоја Тоска” во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го привеле Х.З.(25) од Тетово, кој бил баран со потерница врз основа на судска наредба за издржување на казна затвор од шест месеци за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик. Лицето е спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.