Skip to main content
Хроника

Приведен член на избирачки одбор во Чаир

19/10/2025  17:28

Член на избирачкиот одбор денеска е уапсен на избирачко место во просториите на Основното училиште „Имри Елези“ во општина Чаир, пренесе Alsat.mk.

Според информации од теренот, апсењето се случило за време на пауза, во моментот кога лицето излегло надвор да испуши цигара.

Претседателот на избирачкиот одбор на ова избирачко место изјавил дека сѐ уште нема официјални информации за причините за апсењето, додека изборниот процес продолжил нормално.

Се очекува надлежните органи да дадат детали во наредните часови.