Skip to main content
Хроника

Приведен бегалец од затворот во Струмица

25/03/2025  12:44

Полициски службеници од СВР Струмица вчера во 5 часот го лишиле од слобода Џ.А.(24) од струмичкото село Нова Маала.

MK Summit

Како што информира Министерството за внатрешни работи, тој бил осуден на затворска казна во траење од една година и шест месеци за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, а бил баран по потерница поради бегство од Казнено-поправната установа Затвор Струмица.

-Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Струмица за доиздржување на една година и три месеци од казната, соопшти МВР.