Skip to main content
Хроника

Приведен 44-годишник од Штип, управувал со возило со 1,55 промили алкохол во крвта

19/04/2025  13:20

Денеска (19.04.2025) во 01.18 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода З.С.(44) од Штип. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „хјундаи“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал З.С. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,55 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.

MK Summit

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.