Skip to main content
Хроника

Приведен 28-годишник од Гостивар баран по потерница за издржување казна затвор

23/02/2025  12:07

На 22.02.2025 во 13.00 часот во с.Брвеница, тетовско,  полициски службеници од СВР Тетово и полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР – Отсек потраги го привеле З.С.(28) од Гостивар.

Тој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на казна затвор во траење од две години за сторено кривично дело по член 263 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.