Skip to main content
Хроника

Притвор за струмичанец, при преглед пронајдена дрога

04/04/2026  10:46

СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против Б.П.(68) од Струмица, поради постоење на основано сомневање дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“ по член 215 од Кривичниот законик.

На 02.04.2026 во Струмица од страна на полициски службеници од СВР Струмица при преглед на Б.П. и патничко возило со струмички регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени пакувања со околу 50 грама кокаин. Лицето беше задржано во полициската станица Струмица, а по предлог на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. Б.П. е изведен пред судија од Основен суд Струмица, кој му определи мерка притвор во траење од 30 дена.