Skip to main content
Балкан

Притвор за македонец осомничен за серија кражби во Подгорица

01/12/2025  22:00

Притвор од 72 часа за српски и македонски државјанин кои се осомничени за серија тешки кражби во Подгорица. Мерката ја одреди основното државно обвинителство во Подгорица за сомнеж дека овие лица краделе во угостителски,комерцијални и други деловни објекти во Подгорица.

Според обвинителството, Е.Х. влегувал во објектите и земал пари, додека Б.С. ја обезбедувал околината. По кражбите, двајцата ја делеле противправно стекнатата имотна корист.

Против Е.Х. дополнително се води постапка поради сомневање за фалсификување документи. Кај него биле пронајдени важечки документи од Србија, но и сомнителни странски документи. Исто така, било утврдено дека по него е распишана меѓународна потерница.

Двајцата осомничени се приведени поради ризик од бегство, информираат од ОДТ Подгорица.