Skip to main content
Македонија, Хроника

Притвор за двајца раководители од „Комунална хигиена“ – сомненија за загрозување на животната средина

28/10/2025  19:20

Основниот кривичен суд Скопје го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство Скопје и определи мерка притвор од 30 дена за двајца раководители од ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, поради основано сомнение за кривично дело „Загрозување на животната средина и природата со отпад“ од член 230 став 1 од Кривичниот законик.

Двајцата попладнево беа спроведени во судот, каде дале исказ во присуство на Јавен обвинител и нивните бранители.

„Согласно решението на судот, за осомничените С.Р. и А.С., вработени во ЈП „Комунална Хигиена“, мерката притвор е определена заради постоење на основите од чл. 165 ст. 1, точка 2 и 3“, се вели во соопштението.

Поточно, Судот оценил дека постои:

Опасност да ја попречат истрагата или да влијаат врз сведоци.

Можност да го повторат делото.

Двајцата се сомничат за сторено кривично дело од чл. 230 ст. 1 од Кривичниот законик – „Загрозување на животната средина и природата со отпад“.

Против овие решенија, одбраната има право на жалба пред Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје.