Skip to main content
Хроника

Притвор за 23-годишен педофил, нападнал 11-годишно дете од Желино

04/01/2025  10:25

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно 23-годишно лице, бидејќи постои сомнение дека извршил други полови дејствија врз дете кое не наполнило 15 години, кривично дело казниво според член 188 став 5 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик.

„Осомничениот, на 2 јануари во вечерните часови, го запрел 11-годишното дете и на сила го одвлекол во објект во изградба во близина на неговиот дом во Желино, па започнал пред него да врши други полови дејствија. Детето повикало за помош, но осомничениот не му дозволувал да замине, се додека повиците не ги слушнал таткото на детето и му се спротивставил, по што осомничениот се дал во бегство“, информираат од ОЈО.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот. Судот го прифати предлогот на обвинителството и донесе Решение со кое му определи притвор во траење од 30 дена.