
Помошникот-директор на Канцеларијата на Владата на Србија за Косово и Метохија, Игор Поповиќ, денеска беше прогласен за виновен во суд во Приштина за поттикнување етнички раздор и омраза. Осуден е на шест месеци затвор, но казната беше заменета со паричен износ од 3.000 евра и забрана за влрез во Косово во траење од две години.
Со таа пресуда, судот ја прифати спогодбата за признавање вина меѓу Поповиќ и Специјалното обвинителство на Косово.
Поповиќ беше уапсен на 19 јули на преминот Брњак откако, според обвинителството, во Ораховац одржал „јавен говор со запаллива содржина, ширејќи омраза и нетрпеливост меѓу етничките групи во Косово“.