Skip to main content
Балкан

Приштина е најевтината престолнина во Европа

03/02/2026  22:01

Според податоците на онлајн-платформата „Нумбео“, Приштина е најевтината европска престолнина кога се во прашање трошоците за живот, кириите, храната и цените во рестораните, пренесува Радио Слободна Европа. И покрај ниските трошоци, куповната моќ во градот е меѓу најниските во Европа. По Приштина следуваат Атина, Скопје, Белград, Лисабон, Киев, Кишињев и Тирана.

Според „Нумбео“, индексот на трошоци за живот во Њујорк е 100, додека во Приштина изнесува 29,17, што ја потврдува репутацијата на косовската престолнина како најевтина метропола на континентот.