
Педесетгодишниот припадник на Армијата А. М. кој на пред два дена беше застрелан додека со кола влегувал во скопското село Батинци, е убиен зашто ќерка му одбила да се мажи со лицето кое пукало, соопшти МВР. Педесетгодишниот А. М. тој ден тој не бил на служба, односно користел слободен ден.
Според полицискиот билтен, на 11 јули околу 10.15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на влезот на село Батинци, Џ.М. пукал кон А.М. кој потоа е пренесен е во Хируршката клиника „Св. Наум Охридски“ во Скопје, каде околу 11 часот починал.
„Според пријавеното од страна на Е. М. (20), ќерка на А. М., тие околу 8.30 часот биле на Клиниката за неврологија при Комплексот клиники ‘Мајка Тереза’ во Скопје, при што Џ. М. се обидел телефонски да контактира со неа, но таа одбила, затоа што во претходниот период Џ. М. ѝ се заканувал затоа што не сакала да се омажи за него. Потоа, А. М. и Џ. М. со возило се упатиле кон домот во село Батинци, но на влезот на селото, патот им бил попречен од возило од кое излегол Џ. М. и пукал кон А. М.“, се вели во полицискиот билтен.
А. М. починал од прострелните рани во градниот кош.
Извор: Сакам да кажам