Skip to main content
Спорт

Примарна цел е ногата на Линдзи Вон да не биде ампутирана

13/02/2026  17:39

Скијачката легенда, Американката Линдзи Вон, доживеа тежок пад за време на спуст-трката на Игрите во Милано Кортина, а според зборовите на француските лекари, примарна цел е ногата да ѝ биде спасена. Вон, која има 41 година, по тешкиот пад, беше пренесена со хеликоптер во болница.

Францускиот доктор и специјалист за повреди на колено, д-р Бертран Сонери-Коте, изјави дека овие повреди се исклучително комплицирани, а во некои случаи може да завршат и со ампутација.

– Ќе минат неколку месеци додека почне нормално да оди. Нејзина прва цел е да ја задржи нога и да може да стои. Во овој момент темата за врвно скијање и враќање на патеките не треба да биде тема. Повредата ќе прави проблеми, а последиците може да бидат и до крајот на животот. Овие повреди најчесто се случуваат при сообраќајни несреќи – изјави Сонери-Коте.

Вон не се откажува и смета дека повредата на лигаментите пред Игрите не е причина за овој пад и за тежината на повредата.