Skip to main content
Хроника

Прилепчани пукале кон полицијата, уапсени три лица

10/02/2026  13:17

На 08.02.2026 во 10:15 часот кај место викано „Црници” во атар на село Степанци, општина Чашка, полициски службеници од Полициско одделение Чашка ги лишиле од слобода В.К.(57), И.Т.(51) и Б.Н.(77), сите од Прилеп. При вршење службени дејствија, полициските службеници ги забележале лицата како излегуваат од патничко возило „лада нива” со прилепски регистарски ознаки, а лицето кое го управувало возилото испукало неколку истрели од огнено оружје, по што се оддалечиле од местото.

По преземени мерки, возилото и лицата биле пронајдени и при извршен преглед од И.Т. биле одземени малокалибарска пушка „брно”, 14 неиспукани куршуми и три чаури од малокалибарско оружје, 14 куршуми карабинска муниција и три чаури и куршуми калибар 12мм од ловечка пушка без соодветна документација, детектори и други предмети. Додека, од Б.Н. биле одземени пиштол „застава”, рамка со седум куршуми калибар 9мм без соодветна документација и останати предмети.

Тие биле задржани во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни пријави.