Skip to main content
Хроника

Прилепчанец уапсен поради криумчарење на тутун и текстил

30/05/2025  19:43

На 30.05.2025 полициски службеници од ОВР Демир Хисар, по претходно добиени оперативни сознанија, на патот Демир Хисар – Кичево сопреле товарно моторно возило “цитроен” со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.Б.(39)  од Прилеп. При преглед на возилото била пронајдена акцизна стока – 26 паковки тутун со вкупна маса од 13 килограми, како и различен вид на текстил.

Тутунот е одземен и предаден на Царинска управа Битола, а возилото со текстилот е предадено на Царински терминал Битола за понатамошна постапка. С.Б. е лишен од слобода и по документирање на случајот,  против него ќе биде поднесена соодветна пријава.