
Прилепчанец заработи кривична пријава, бидејќи претходниот месец лажно пријавил едно лице дека во спортска обложувалница ги оштетило апаратите за коцкање.
„СВР Битола поднесе кривична пријава против лицето А.С.(34) од с.Дебреште, прилепско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „затајување“ и „лажно пријавување на кривично дело“.
На 20.05.2025, пријавениот пријавил дека во спортска обложувалница во с.Ропотово, општина Долнени, едно лице ги оштетило апаратите за игри на среќа и одзело пари. Но, по преземени мерки и активности било констатирано дека пријавениот лажно пријавил, односно дека тој го сторил делото со со подесен алат, се наведува во полицискиот билтен.