Skip to main content
Македонија

Прилеп и соседните општини формираат Меѓуопштински одбор за управување со отпад

10/12/2025  16:21

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, денеска учествуваше во формирањето на Меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад (МОУО), заедно со градоначалници од пелагонискиот и југозападниот регион. Со потпишување на договорот, општините стапуваат на патот кон воспоставување координиран, модерен и ефикасен систем за третман на отпад, усогласен со европските стандарди.

– Примарната цел е подобрување на квалитетот на услугите, создавање почиста и поздрава животна средина и решавање на долгорочните предизвици со дивите депонии. МОУО ќе обезбеди заедничко регионално делување и современи решенија за граѓаните на Прилеп и Пелагонија, истакна Проданоски.

Настанот беше организиран од Министерството за животна средина и просторно планирање, во соработка со Министерството за локална самоуправа и SALAR International. Проданоски упати благодарност до институциите и партнерите за поддршката, додавајќи дека Општина Прилеп продолжува посветено да работи на унапредување на квалитетот на животот и чистотата во градот.