
Битолската премиера на филмот „Приказна за Силјан“ ќе се одржи утре во Големата сала на НУ Центар за култура – Битола, со почеток во 19:30 часот. На премиерната проекција ќе присуствуваат и дел од филмската екипа – Тамара Котевска, Мартин Иванов и Јорданчо Петковски. По проекцијата е предвидена и дискусија со авторите, при што публиката ќе има можност да поставува прашања. Филмот ќе се прикажува и во наредните денови според следниот распоред: –
-среда (4 февруари) во 19:30 часот
-четврток (5 февруари) во 21:30 часот
-петок (6 февруари) во 21:30 часот
-сабота (7 февруари) во 21:30 часот
