
Гостиварската полиција поднесе кривична пријава против 70-годишниот Б.Р. од село Равен, гостиварско, поради сомнение дека во март 2025 година во угостителски објект во Гостивар, пријавениот се претставил лажно како сервисер од правно лице и за сервисирање земал противпожарен апарат и го вратил со достава на фалсификуван сервисен картон, што било констатирано на 03.04.2025 при извршена контрола од Дирекцијата за заштита и спасување.
„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Б.Р.(70) од с.Равен, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“ и ,,фалсификување на исправа“. Во март 2025 година во угостителски објект во Гостивар, пријавениот се претставил лажно како сервисер од правно лице и за сервисирање земал противпожарен апарат и го вратил со достава на фалсификуван сервисен картон, што било констатирано на 03.04.2025 при извршена контрола од Дирекцијата за заштита и спасување“ стои во полицискиот билтен.