
Времето утре ќе биде сончево со мала облачност, најавува Управата за хидрометеоролошки работи.
Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
Во Берово ќе има студено утро со температура од само 7 степени. Најтопло ќе биде во Гевгелија, со максимална температура од 36 степени.