Skip to main content
Хроника

При заварување по грешка запалил комбе

21/03/2025  17:18

Вчера во 10.44 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред автосервис на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, при заварување со апарат за заварување настанал пожар во товарно возило „фиат добло“ со гостиварски регистарски ознаки, сопственост на фирма од Маврово и Ростуше.

Од МВР информираат дека од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.