Skip to main content
Магазин

Презимето не го даваме! Која жена денес најмногу се цени?

14/05/2025  08:32

Во новата епизода на „Нешто конкретно”, гостинки  беа четири жени, секоја со своја приказна, секоја со своја вредност и поглед на животот а темата на која се дискутираше беше:Колку вреди жената и кој ја одредува нејзината вредност?

Добрила Ивановска-Чабриќ, 97 годишната пејачака и глумица која не се плаши да зборува за љубовта и бракот, ја сподели својата искрена приказна каде  мајка и сметала дека глумиците се к*рви и дека ако Добрила стане една од нив никогаш нема да си најде маж, па ја омажила на само 18 години но по 4 години Добрила се развела, но подоцна имало пресврт па вели „Два пати се мажев за ист човек, затоа што не најдов подобар!”

Пејачката Ивона Јо, која неодамна јавно покажа дека го отстранила вишокот кожа откако ослабе, ни откри: „По операцијата за отстранување на вишокот кожа сфатив колку сум била несреќна претходно.” Нејзината приказна е одраз на тоа како телесните промени можат да влијаат на нашата самопочит, но и како на крајот самопочитта е тоа што навистина не прави среќни.

Сара Мејс пејачка, харфистка и кантавтор ,која го задржала своето и го додала презимето на сопругот одговори: „Никогаш не би се откажала од презимето на татко ми – затоа и го додадов на сопругот.” Давајќи осврт на  семејните корени и како личната историја се спојува со партнерските односи, создавајќи нови вредности.-Не можам да се откажам од тоа што сум била!

Мерсиха Смаиловиќ која е правник но и борец за човекови права пак  ја пренесе својата традиција и филозофија: „Во нашата религија мажот мора да даде дар кој ако се разведат, ќе биде доволен за жената самостојно да живее.” Мерсиха зборуваше за важноста на семејството, но и за тоа како треба да ги поттикнуваме жените да формираат стабилни домови и да креираат иднина со своите најблиски. “Доколку можете поттикнувајте ги жените да создаваат семејства и да раѓаат деца но ако сепак одлучат да останат сами и тоа е за почит.

Преку овие четири жени и нивните приказни, дебатиравме за тоа што ја прави жената вредна – дали тоа е нејзината заработка, жртва, гласност или нешто друго? Дали модерната „алфа жена” го изгуби зборот „дама” и зошто зборот „домаќинка” денес често се користи како навреда?

Линк до епизода:Презимето не го даваме! Која жена денес најмногу се цени? Нешто КонкретноNK S04 EP25