Skip to main content
Свет

Преживеаните од несреќата во Романија со авион ќе бидат вратени во Грција

28/01/2026  18:24

Тројцата преживеани од сообраќајната несреќа со минибус во Романија во четврток со авион ќе бидат вратени во Грција. Во несреќата животот го загубија седум навивачи на ПАОК. Двајца од повредените имаат по 20 години, додека третиот има 28.

Сите тројца моментално се лекуваат во Клиничката ургентна болница на округот Пиус Бринзеу во Темишвар, а по враќањето се очекува да бидат префрлени во болницата „Папагеоргиу“ во Солун.