
На граѓанскиот собир во Кочани, свое сведоштво и излагање имаше Венко Крстевски, човек кој ја преживеал трагедијата во неделата наутро.
Тој, кој е и поранешен независен советник во Општината, кажа дека и кафулето кое вчера беше демолирано, како и други локали се дивоградба како што била и кобната дискотека „Пулс“.
„Кој е крив за тоа? Општината, министерот за внатрешни работи. Мора со име и презиме да се каже секој кој носи титула и секој кој е крив. Ние кои преживеавме од дискотеката, ако останеме овде, ќе продолжиме да гинеме. Гинеме од нечист воздух, гинеме од несериозни институции, гинеме од корупција, гинеме од секаков вид на нефункционалност што ги го приредуваат самите носители на тие инситуции. Не може одговорноста да се сведува на луѓето кои се обезбедување, на тој што продава карти, значи срамота е. Денеска изгорела дискотека, утре ќе горат градинки и школи, ако се продолжи вака“ рече Крстевски по што доби аплауз од насобраните граѓани.