Skip to main content
Македонија

Превртена цистерна три дена го блокираше патот Струга – Ќафасан

01/01/2026  19:29

Секторот за внатрешни работи ја информира јавноста дека во моментов повторно е воспоставен нормален сообраќај на патниот правец Струга – Граничен премин „Ќафасан“.

Сообраќајот сега се одвива непречено во двете насоки, откако патот беше целосно затворен од 30.12.2025 година поради превртена цистерна на коловозот.

Од моментот на незгодата, сите надлежни служби излегоа на местото на настанот и активно презедоа мерки за утврдување на причините за сообраќајната несреќа, како и за безбедна дислокација на превртената цистерна од патниот правец.

Со целосното отстранување на возилото и обезбедување на патот, сообраќајот е целосно нормализиран.