Skip to main content
Свет

Претседавачот на Воениот комитет на ЕУ, Бригер предложи да се разгледа стационирањето војници на Гренланд

25/01/2025  19:42

Претседавачот на Воениот комитет на Европската унија, генерал Роберт Бригер денеска изјави дека треба да се разгледа стационирањето европски војници на Гренланд.

„Би било логично да се размислува за стационирање војници на ЕУ на Гренланд, покрај американскиот воен персонал.

Овој потег ќе испрати силен сигнал и потенцијално ќе придонесе за регионалната стабилност“, рече тој во интервју за „Велт ам Зонтаг“.

Бригер укажа на огромните ресурси на Гренланд и значајните трговски патишта.