
Претседателката на државата, Гордана Сиљановска Давкова, донесе одлука за помилување на осудени лица по повод 2 Август – Илинден, еден од најзначајните национални празници во Македонија, соопшти 4NEWS.mk.
Со одлуката, четворица осуденици се целосно ослободуваат од понатамошно издржување на затворската казна. Тоа се:
- Раде Здравко Јовановиќ од селото Криволак, Општина Неготино
- Алберт Тарзан Алиевски од Кавадарци
- Николче Љубе Костадиновски од Куманово
- Зејадин Сали Мифтари од селото Черкезе

Дополнително, делумно помилување, односно намалување на казната затвор, добија уште четворица осуденици:
- Емир Надир Јонузи од с. Слатино, Тетово – за 3 месеци
- Коле Петре Талевски од Битола – за 3 месеци
- Чушков Јордан Сашо од Велес – за 3 месеци
- Исмаили Џелал Јетмире од Гостивар – за 6 месеци
Одлуката е донесена врз основа на член 84 од Уставот на Република Македонија и согласно Законот за помилување.