Skip to main content
Македонија

Претседателката Сиљановска Давкова доби пес Караман кој треба да биде признаен за автохтона македонска раса

07/09/2025  22:05

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска во Охрид доби подарок пес Караман кој се очекува наскоро да биде признаен за автохтона македонска раса.

,,Денеска остварив средба со претставниците на Светската кинолошка федерација (FCI) и со македонските кинолошки експерти кои повеќе од две децении посветено работеа за афирмација на нашата автохтона раса.

Очекувам македонското овчарско куче Караман наскоро да биде официјално признаено од Светската кинолошка федерација. Тоа ќе биде историски момент за македонската кинологија и доказ за нашето богато културно и природно наследство.

На средбата ми беше подарено куче Караман, симбол на верноста, достоинството и македонскиот дух.

Караманот е чувар на нашите планини, на нашата традиција и идентитет, а отсега ќе биде препознаен и ширум светот”, објави претседателката Гордана Сиљановска Давкова.