Skip to main content
Свет

Претседателката на Европската комисија го поздрави ослободувањето од Белорусија

14/12/2025  18:17

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска го поздрави ослободувањето од Белорусија на лауреатот на Нобеловата награда за мир, Алес Бељацки, опозиционерката Марија Колесникова и уште 121 политички затвореник.

„Овој развој на настаните ја зајакнува нашата решителност. Решителноста да ја продолжиме борбата за сите затвореници кои сѐ уште се во затвор во Белорусија, затоа што имаа храброст да ѝ ја кажат вистината на власта“, напиша таа на социјалната мрежа Икс (поранешен Твитер).