Skip to main content
Хроника

Претседателката на ДКСК да не чека крај на истрагата и да поднесе оставка од морални причини – Поповиќ во разговор за Телма

27/04/2025  16:04

Фрлена е сенка врз работата на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) поради тоа што претседателката Татјана Димитровска, е осомничена за оддавање на службена тајна во рамки на случајот „Адитив“, вели Миша Поповиќ од Институтот за демократија во разговор за Телма.

Праксата, како што вели Поповиќ, во вакви случаи е осомничените лица да се тргнат од фукцијата и да поднесат морална одговoрност.