Skip to main content
Македонија

Претседателката Давкова го одржа својот прв говор пред пратениците во Собранието

25/12/2024  18:35

Претседателката Гордана Силјановска-Давкова во Собранието го имаше своето прво претседателско обраќање пред пратениците.

Нејзината главна порака беше во насока на обединување околу клучните приоритети на државата. Таа упати порака за храбар исчекор од страна на ЕУ, но нагласи дека е апсурдно Брисел од нас да бара измени на Уставот кои може да се случат, но само со одложено дејство.

Претседателката нагласи дека борбата против криминалот и корупцијата и реформите во судството немаат алтернатива и повика на обединување и консензус околу државните интереси.

Давкова ја поздрави борбата против криминалот и корупцијата. Порача никој да не треба да биде над законот.

Давкова ја поддржа работата и успехот на Армијата и се пофали за назначувањето на жени во разузнавачката агенција, комисијата за безбедност и комисијата за помилување. Давкова ја поздрави соработката на опозицијата во однос на зајакнувањето на државата и преговарачката позиција, додавајќи дека без опозицијата нема демократија.