Skip to main content
Македонија

Претседателите на партиите од ВЛЕН вечер на ифтарска вечера кај Курти

28/03/2025  16:27

Лидерите на четирите партии од коалицијата ВЛЕН вечерва ќе одат на ифтарска вечера кај премиерот на Косово Албим Курти, потврди денеска министерот за здравство и претседател на Алијансата за Албанците Арбен Таравари.

Тој кажа дека меѓу другото очекува да разговараат за политички актуелни теми во Косово, Македонија и регионот, но и за идните локални избори.

– За локалните избори сме во релаксирана и добра атмосфера, се надевам дека ќе изнајдеме најдобро можно решение да нема незадоволни. Сите страни да бидат задоволни во коалицијата, рече Таравари.

Тој нагласи дека и односите во Владината коалиција с едобри и оти нема никакви проблеми и турбуленции