Skip to main content
Хроника

Претреси во Скопје, пронајдена дрога – одреден притвор за три лица

31/03/2025  17:29

На 30.03.2025 од страна на полициски службеници од СВР Скопје, на подрачје на општина Бутел, по претходно обезбедени докази за недозволена трговија со наркотична дрога марихуана, преземени се истражни дејствија и извршени се претреси на дом и други простории кај лицата:
И.Ј. (26), А.Ј. (21) и Д.Ѓ. (21) тројцата од Скопје.

При претресите се пронајдени и обезбедени недозволени предмети по член и во врска со чл. 215 од КЗ, при што истите се лишени од слобода и против нив од страна на ЕНТ СВР Скопје е поднесена кривична пријава по итна постапка до ОЈО Скопје. Тие се изведени пред судија на претходна постапка, од чија страна на сите тројца пријавени им е одредена мерка притвор од 30 дена.

„Од ноември 2024 година до март 2025 година, пријавените, како и други засега непознати лица, заедно, со намера да продаваат, во нивната држава и на повеќе локации низ Скопје, ја складирале наркотичната дрога марихуана и амфетамин во импровизирани бункери во општина Бутел“, се вели во соопштението на ОЈО Скопје.

Полицијата извршила осум претреси на различни локации, при што биле пронајдени над 800 грама марихуана, помало количество амфетамин и други предмети со траги од дрога.

Форензичките вештачења на отпечатоци од прсти и ДНК материјали на пронајдените сокриени наркотици ги потврдија трагите на осомничените“, соопштија од скопското обвинителство.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Кривичниот суд во Скопје поднесе предлог тројцата осомничени да бидат притворени поради опасност од бегство и повторување на кривичното дело.