Skip to main content
Хроника

Претреси во Скопје и Куманово – приведени неколку лица

03/07/2025  20:40

По повеќемесечна предистражна постапка на Основното јавно обвинителство Скопје во соработка со Министерството за внатрешни работи, во која беа применети и посебни истражни мерки, денеска полициски екипи под раководство на јавен обвинител спроведуваат акција и претреси на повеќе локации во Скопје и во Куманово, во рамките на која запленето е поголемо количество амфетамин и уапсени се неколку лица.

Повеќе информации ќе бидат споделени по целосно завршување на акцијата.