Skip to main content
Хроника

Претреси во Пробиштип и во Маврово и Ростуше, пронајдена дрога, приведени две лица

15/03/2025  12:44

Денеска (15.03.2025) во 06.50 часот во Пробиштип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода К.Т.(21) од село Пуздерци, пробиштипско. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба биле пронајдени и одземени марихуана, семки од растението канабис и предмет со остатоци од прашкаста материја.

Додека, на 14.03.2025 во 18.00 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Е.С.(33) од с.Требиште, општина Маврово и Ростуше. При претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени семки од растението канабис.

По документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.