
На 16 јули 2025 година, околу 02:30 часот по полноќ, полициски службеници од Полициското одделение Теарце, во близина на угостителски објект во селото Глоѓи, тетовско, пронајдоа пакување со кафеава прашкаста материја.
Пакувањето е подигнато и ќе биде предмет на понатамошна постапка за утврдување на неговата содржина. Според информациите од МВР, во тек се мерки и активности за целосно расчистување на случајот.