Skip to main content
Хроника

Претрес во село во општина Чашка поради сомнение за поткуп при избори

18/10/2025  14:43

Денеска (18.10.2025) во 08:00 часот, по претходно добиени оперативни сознанија, а врз основа на добиена судска наредба од Основен суд Велес, полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Велес извршија претрес во домот на Г.П.(59) од село Согле, општина Чашка поради основи на сомнение за сторено кривично дело „поткуп при избори“ по член 162 од КЗ. При претресот се пронајдени и одземени 60 банкноти од 2 000 денари и еден мобилен телефон. Известен е јавен обвинител од ОЈО Велес, а со Г.П. е извршен службен разговор и по целосно документирање и расчистување на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок.