Skip to main content
Хроника

Претрес во Кочани, пронајдени пиштол и марихуана, лишено од слобода едно лице

29/07/2025  09:42

На 28.07.2025 во 15.00 часот во Кочани, полициски службеници од СВР Штип – Надворешна канцеларија за крининалистички работи Кочани го лишиле од слобода К.И.(36) од Кочани. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол „Црвена Застава” калибар 7,65 мм, марихуана и дробилка со остатоци од марихуана.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, против  него ќе биде поднесена соодветна пријава.