Skip to main content
Хроника

Претрес во домот на велешанец: Пронајдена марихуана и во автомобил и во домот

18/12/2024  11:55

На 17 декември 2024 година, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес извршиле претрес во домот на 25-годишниот Н.А. од Велес, кој претходно бил лишен од слобода на 16 декември во 20:30 часот на наплатна станица Сопот.

Во патничкото возило „фиат” со велешки регистарски ознаки, кое го управувал, била пронајдена и одземена зелена растителна материја, за која постоеше сомнение дека е марихуана. По претресот во неговиот дом, повторно била пронајдена и одземена зелена растителна материја.

Н.А. бил задржан во полициска станица, а по известувањето на јавен обвинител, по документирање на настанот ќе следи поднесување на соодветна кривична пријава.