Skip to main content
Хроника

Претрес во Берово, пронајдени оружје, муниција и пиротехнички средства

20/03/2026  13:00

На 19.03.2026, со наредба од Основен суд Кочани, полициски службеници од ОВР Берово извршија претрес во помошна просторија во Берово, сопственост на Д.П.(38) од Скопје, со живеалиште во Берово.

При претресот во објектот се пронајдени и одземени една ловечка пушка „ТОЗ 63“ калибар 16мм, 53 ловечки патрони калибар 16мм, пиротехнички средства, куршуми и реденик за патрони.

По целосно расчистување и документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава по член 396 од Кривичниот законик.