Skip to main content
Хроника

Претрес пред полноќ: Полицијата пронајде дрога кај 49-годишен скопјанец

27/05/2025  12:56

Вчера во 23.30 часот, пред полноќ, во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишија од слобода С.Н.(49) од Скопје, затоа што при извршен претрес во неговиот дом и други простории, по претходна судска наредба, е пронајдена и одземена марихуана, информираа од полицијата.

По насоки од јавен обвинител, С.Н. е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава.