Skip to main content
Македонија

Претпладне многу топло, попладне пороен дожд и ветер

17/07/2025  08:04

Денеска времето ќе биде сончево и многу топло со умерен наместа повремено засилен ветер, а попладне и во вечерните часови со пороен дожд, грмежи и услови за изолирано невреме со појава на град. 

Претпладне во западните делови од земјата ќе дува западен, а долж Повардарието северен ветер. 

Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната од 31 до 39 степени.

Во Скопје, слично време со пороен дожд и засилен ветер во попладневните часови. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 37 степени.

Поради брз продор на посвежа воздушна маса од север, во петок времето ќе биде малку посвежо, а во деновите потоа температурата повторно ќе биде во пораст.