
Двајца напаѓачи се убиени во престрелка со безбедносните сили пред зградата на израелскиот конзулат во Истанбул, објави телевизијата Си-Ен-Ен Турк, повикувајќи се на полицијата во Истанбул.
Медиумот посочува дека во инцидентот е ранет и третиот осомничен, а исто така, повредени се и двајца полицајци.
На социјалната мрежа „Икс“ објавено е видео од налогот на „Asayiş Berkemal“. Асајиш Беркемал е турски бренд на социјалните медиуми и креатори на содржини поврзани со полицијата, вести за јавната безбедност и сообраќајни инциденти.
Снимките покажуваат засилено безбедносно присуство околу зградата на конзулатот во населбата Левент, во општината Бешикташ.
Мотивот за нападот, како и дали конзулатот бил директна цел, засега не се познати.


