Skip to main content
Свет

Престрелка на границата САД – Мексико

28/01/2025  10:55

Во близина на јужната граница на САД вчера имаше престрелка помеѓу агенти на американската гранична патрола и членови на мексикански картел.

Вооружениот инцидент се случи во близина на градот Фринтон, Тексас кога група мигранти се обиделе илегално да влезат во САД.

Според американските медиуми, во престрелката никој не е повреден,

Американската Служба за имиграција и царина соопшти дека вчера уапсила 1.179 лица, а 853 се во имиграциски притвор.