Skip to main content
Култура

Прес – конференција по повод концертот на светската тенорска sвезда Пласидо Доминго во Скопје

19/02/2025  08:17

По повод претстојното гостување на светската тенорска sвезда, Пласидо Доминго во арената „Борис Трајковски“, денеска, напладне, ќе се одржи прес-конференција во фоајето на Македонската Опера и Балет.

На конференцијата за медиумите ќе присуствуваат министер за култура и туризам Зоран Љутков, Оливер Арсовски, директор на Македонската опера и балет и Кристијан Стефановски, претставникот од „Прагма продукција“.

Доминго е еден од најголемите тенори на денешницата, но и врвен диригент, освојувач на 12 Греми музички награди. Тој  по првпат доаѓа во Скопје со премиерен и ексклузивен концерт на 14 март, 2025 година во арената „Борис Трајковски“.

Концертот го организира Прагма продукција во соработка со Македонска Опера и Балет.