Skip to main content
Македонија

Пренасочен сообраќајот на камиони кон ГП Блаце

17/12/2025  12:56

АМСМ информира дека од 11:35 часот се пренасочува сообраќајот на товарни возила кон граничниот премин Блаце. Пренасочувањето се врши кај бензиската пумпа „Дизел”.

Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.