![](https://24info.mk/wp-content/uploads/2025/01/mickoski-1.webp)
Утре, 12.02.2025 година (среда) претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски ќе биде во посета на Општина Кавадарци.
Во 13:30 часот премиерот Мицкоски ќе го пушти во употреба реконструираниот пат од село Дабниште до село Ресава, каде што ќе даде изјава за медиуми.
Во 14:00 часот во село Дабниште, реконструкција на фекална канализација.
Во 14:15 часот реконструкција на пристапен пат од село Ресава до викенд населба Косовец, покрај Тиквешкото езеро.
Во 14:40 часот ќе ја пушти во употреба Спортска сала во село Возарци.