Skip to main content
Македонија

Преку ДНК анализа се утврдува идентитетот на жената пронајдена во Вардар

14/01/2025  19:46

Пред неколку денови во водите на реката Вардар во Зелениково беше пронајдено тело на женско лице.

Настанот беше потврден од МВР, а телото било извадено од страна на екипа на Одделот за специјални полициски операции при МВР и по наредба на јавен обвинител било дадено на обдукција.

Според првичните неофицијални информации, станувало збор за жена која одреден период била пријавена за исчезната.

Инаку, кон крајот на минатата година исчезната беше Лидија од скопското село Јурумлери, но до овој момент нема информации дали е таа жената која пред неколку дена беше извлечена од Вардар.