Skip to main content
Македонија

Прекин на сообраќајот на патот Македонски Брод – Скопје поради одрон

19/11/2025  10:36

Сообраќајот на регионалниот пат Македонски Брод – Скопје е целосно во прекин од 08:40 часот утрово, откако на делот кај резерватот „Јасен“ се појавил одрон што ја блокирал коловозната лента.

Надлежните служби се известени и работат на расчистување на земјиштето и камењата од патот, по што сообраќајот ќе биде нормализиран.

Возачите се повикуваат на претпазливост и да ги следат насоките од службите на терен.