
Вчера во 18.15 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на ул.„Боге Белјаноски“ во Гостивар, патничко возило „опел“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Р.Б.(66) од село Чегране, гостиварско, удрило во 9-годишно дете од Гостивар.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во болницата во Гостивар. Полицијата соопшти дека бил извршен увид од увидна екипа на ОВР Гостивар.